Поради уличен дефект без вода Топанско Поле, Чаир, Скопје Север, Бутел и Гази Баба

Поради уличен дефект ф-150мм на ул.Душан Тасковиќ 35, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на високата зона од населбите Железара и Автокоманда.

 

Поради потребата за санирање на дефектот, потребно е да се исклучат пумпите во П.С. Гази Баба.

 

Поради тоа прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Скопје Север, Бутел и Гази Баба до санирање на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.