Хуманитарна акција во Скопје ЗОО за малата Симона

Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција за собирање  финансиски средства за четиригодишната Симона, која боледува од леукемија. По тој повод, в недела ќе се организираат низа настани за донации во Скопје ЗОО.

 

„Апел до сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната акција! Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал, боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб. Потребно е да соберат 140.000 евра за лекувањето. Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона в недела (27.10). Од 9:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените  дизни-маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона. Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона! Броеви за донации: Телеком 143 424, А1 143 460“, се вели во апелот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.