Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потврди дека однапред се знаеше купувачот на Градската куќа

Денес Шилегов го потврди она што Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го говореше изминатите 2 месеци за скандалот со продажбата на Градската куќа, а самата лицитација беше само формалност за да се озакони сомнежот за криминал, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Македонија со Шилегов и криминалците на Власт стана земја каде однапред се знае кој ќе победи на тендер, а останува само непозната висината на провизијата за приватните џебови за која се сомневаме дека постои во овој случај. Дополнително Шилегов новиот сопственик на зградата го почасти со бесплатно државно земјиште и платени комуналии кои не се пресметани во цената по која е продадена Градската куќа.

 

Петре Шилегов не дозволи увид на јавноста на објектот. Не дозволи увид во документацијата и начинот на продажбата.

 

Освен провизиите отворено прашуваме дали во игра е план за продажба на аткрактивното земјиште на сегашното седиште на градот кое треба да припадне на еден моќник на власта? Дали во срцето на Скопје ќе никне нова бетонска џунгла за заштита на приватните бизнис-интереси на власта?“ стои во реакцијата на советничката група на опизициската партија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.