„ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“ в среда во ДКЦ „Карпош“

Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално, во чест на градот Скопје, ја организира манифестацијата „ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“-2019, посветена на најмалите од предучилишните установи.

 

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно да ги запознае децата, колку големо значење има празникот 13 Ноември за градот Скопје .

 

Секоја градинка ќе ја претставува екипа од 5 деца, објектот кој ќе го осмислат или одберат да се гради е по нивен избор. Градежниот материјал што ќе го користат за макетите е исто така по нивен избор, а може да користат: коцки, цртежи,  природни материјали, лисја, дрвца, камчиња, се што нуди природата.

 

Манифестацијата „Го градам мојот град“ ќе се одржи во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“ на 13 Ноември (среда), со почеток од 10,00 часот.

 ДКЦ

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.