Украдени дрвцата кај поликлиниката „Чаир“

Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден.

 

Со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

 

Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови. Во оваа есенска акција за засадување дрвја, на местото на украдените садници пред Поликлиниката „Чаир“ ќе бидат засадени нови садници.

 

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.