Ромски театарски фестивал во Старата скопска чаршија

Од 15 до 17 ноември ќе се организира 16. ромски театарски фестивал GARAVDE MUJA - „Скриени лица“ во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија.

 

 Специјален гостин на фестивалот е режисерот Рахим Бурхан од светски познатиот театар ПРАЛИПЕ, кој своето доаѓање и присуство ќе го пренесе на публиката на свеченото отворање на фестивалот.

 

Дополнително, на театарскиот фестивал свои премиери ќе изведат театарски ансамбли од Хрватска, Северна Македонија, Србија и од Косово.

 

Првата претстава ќе се одигра на 15 ноември со почеток од 18.30 часот - „Прво јаболка, а сега ружи“ по сценарио и режија на Даниел Петровски. На 17 ноември, во рамките на фестивалот, ќе се одржи и национална панел-дискусија „Развојот на ромската култура, проблеми и предизвици“, каде што панелисти ќе бидат проф. Марсел Куртијаде од Франција, Осман Балиќ од Србија, Рахим Бурхан од Германија и Севдија Абдулова од Северна Македонија.

 

Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток од 11 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.