ЈП „Паркови и зеленило“ денеска исекоа 14 суви јапонски цреши во центарот на градот

По барање на Општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки. 

 

Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени, информираат од претпријатието.

 

Во овој контекст, минатата година Општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните.

 

Град Скопје в понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.