Скопските пожарникари во потрага по преживеаните под урнатините во Драч

Екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија.

 

Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 

По серијата на земјотреси што ја погодија Албанија, а најмногу се почувствуваа во градот Драч, во кој има жртви и многу повредени, Градот Скопје веднаш испрати екипи за помош на настраданите.

 

Градот Скопје испрати две екипи, едната екипа е составена од четири пожарникари, а втората екипа е составена од двајца коишто ќе вршат снимање на самото место со термален дрон и термални камери, за да се откријат евентуални преживеани во урнатините, како и беспилотно летало коешто ќе врши 3Д мапирање на теренот со цел штетите коишто се настанати и оштетувањата на објектите да може да бидат како мапа достапни на спасувачките служби коишто се на самото место. За утре е закажана редовна седница на Советот на Град Скопје и ќе има вонредна точка за доделување парична или материјална помош





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.