Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Босна и Херцеговина

Градот Скопје информира дека во недела, 1 декември, во периодот од 7 до 15 часот на булеварот Босна и Херцеговина ќе се изведува попречен прекоп за дислокација на гасовод.

 

Поради тоа, булеварот ќе биде затворен за сообраќај на потегот пред маркетот КАМ и пред Техномаркет, непосредно пред ЕВН КЕЦ Васил Главинов, а возилата ќе се пренасочуваат по споредните улици.

 

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.