В среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Оваа среда стартува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“.

 

 Поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено, но од 4 декември љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче.

 

Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј, уметничко и рекреативно лизгање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.