СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ

Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

 

На почетокот на новогодишниот базар присуствуваше Градоначалникот Шилегов, а празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божиќни песни.

 

- Имавме спектакуларно светнување на новогодишната елка, што за првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, Ве повикувам да го посетите Винтерленд и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На Скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања – изјави Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.

 

 

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена - од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

 

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

 

 

Градот Скопје ги поканува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.