Се проширува и реконструира Пластичарска

На овој дел ќе се изведе атмосферска канализација, а ќе се изврши и целосна реконструкција и на другите подземни инсталации за што се известени правните субјекти, информираат од Град Скопје.

 

Ова е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица, во тек е проектирањето на втората фаза и очекувам напролет да ги продолжиме градежните работи од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија, заедно со големата клучка која планираме да ја направиме кај Тетовска трошарина. Оваа делница е една од најфрекфентните точки во сообраќајот и затоа го почнуваме овој зафат. Разговаравме со сопствениците на деловните објекти по должината на оваа улица за градежните работи да не го нарушат во голема мера нивното работење. Нашите очекувања се дека во април наредната година оваа делница ќе биде готова. Ќе добиеме современа сообраќајница која ќе има 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило каде што тоа го дозволува просторот – рече денеска градоначалникот Шилегов.

 

Тој ги замоли граѓаните за трпение и апелираше брзината на движење да ја приспособат кон условите на патот, за по само неколку месеци да можат да сообраќаат по нова и модерна улица.

 

На почетокот на градежните работи премиерот Заев ја потенцираше важноста на булеварот Никола Карев, како магистрална сообраќајница која ја користат голем број граѓани, а поврзува четири скопски општини.

 

- Денеска започнуваат работите на уште една важна сообраќајница во Скопје која поврзува 4 општини - Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. По овој булевар дневно се движат десетици илјади возила, а овој потег е особено значаен заради огромниот број стопански субјекти и големата фреквенција на граѓани кои се движат тука, дел како потрошувачи, дел како деловни соработници и доставувачи за компаниите кои тука имаат продажни или друг вид објекти. Истовремено, булеварот Никола Карев е врска на источната и на западната порта на Скопје, што ја прави уште позначајна и од посебен интерес за граѓаните – кажа премиерот Заев.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.