Комунална хигиена ќе го транспортира отпадот од акцијата за чистење на администрацијата

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена- Скопје денеска се приклучија кон големата акција за чистење „Администрацијата чисти“ организирана од Владата, со цел подигнување на јавната свест за одржувањето здрава и чиста животна околина, во којашто учествуваат сите државни институции.

 

„Екипите од оперативата на ЈП Комунална хигиена- Скопје се задолжени за подигнување и транспорт на насобраниот отпад од дваесетте локации во градот Скопје, каде што се одвива акцијата“, велат од Комунална хигиена-Скопје.

 

Од механизацијата на терен се употребуваат пет специјални комунални возила-патарки, три специјални комунални возила-кипери и еден втоварувач.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.