Пожар во болницата „8 Септември“

Пожар избувнал доцна синоќа во канцеларија во Градската општа болница „8 Септември“ - Скопје. Како што информират од Министерството за здравство, причините засега не се познати.

 

„Опожарена е канцеларија, архивска просторија, во Градската општа болница „8 Септември“ - Скопје. Од пожарот повредени нема, други простории не се зафатени и причинета е материјална штета. Од страна на противпожарната единица пожарот е изгаснат“, велат од МЗ.

 

Од таму додаваат дека причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.