Отпадот за време на празниците ќе се подигнува и транспортира со изменет распоред

 ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известува своите корисници дека на први јануари 2020 година нема да се подигнува и транспортира отпадот од индивидуалните домаќинства (канти со зафатнина од 1,1м3) во градот Скопје, освен во руралните средини каде што активностите ќе се одвиваат со вообичаената динамика.

 

Екипите задолжени за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје, првиот ден од новата година ќе ги започнат своите активности во 01 часот.

 

Во празничните денови, екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе го подигнуваат и транспортираат отпадот од колективните домаќинства (контејнери со зафатнина од 1,1м3 и 3,2м3) со изменет распоред: на 31 декември 2019 година третата смена ќе започне со работа во 18 часот, додека на први јануари 2020 година првата смена ќе започне со работа во 09 часот. На втори, шести и седми јануари 2020 година, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе ги реализира своите стандардни активности, согласно Оперативниот план и програма за работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.