Сскршени и опожарени десетина нови корпи за ситни отпадоци во скопската чаршија (ФОТО)

Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија.

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје во октомври 2019 година ги поставила на  барање на Здружението на занаетчии на Чаршијата, со цел  да се подигне нивото на хигиената на оваа фреквентна туристичка локација во центарот на градот.

 

„При поставувањето на корпите за ситни отпадоци упативме порака дека од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки што подолго време да ги сочуваат функционални и неоштетени, а денеска апелираме веднаш да престане уништувањето на опремата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, имајќи го предвид фактот дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на комуналниот отпад.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.  





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.