Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

„Во текот на изминатата ноќ поради продор на значително постудена воздушна маса на повеќе места, особено околу полноќ во западните и северните делови дуваше силен ветер чија брзина надминуваше 70 к/час. Особено силен ветер дуваше во Скопје, на моменти и над 100 километри на час. Во вториот дел од ноќта брзината на ветерот беше помала“, велат од УХМР.

 

Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имаше врнежи од дожд, а на планините од снег каде се формираше снежна покривка и имаше појава на снежни наноси.

 

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на локации од невремето. Ветерот го откорна покривот и на Средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

 

Откорнат е и дел од барокната фасада на МЕПСО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.