Миење и дезинфекција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците во рамките на Клиничкиот центар е една од серијата на мерки која Градот Скопје и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на корона вирусот.

 

Во спроведувањето на денешната акцијата се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Воедно, во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.

 

„Денешната акција ја спроведуваме во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот ковид-19, со цел хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.