Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат по саботен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека од утре, понеделник, поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред.

 

Возниот ред може да се види на веб страницата http://www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.

 

Одлуката ќе важи до 21 март, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.

 

Одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА

ОДГОВОРНО ЗАЕДНО





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.