Шалтерите во барака број 16 со скратено работно време

Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од утре /16.03.2020 година, понеделник/ ќе работи со променето работно време.

 

Така, шалтерите за даночни прашања ќе работат со скратено работно време, од 10 до 12 часот, каде едниот шалтер ќе работи за прием на документи, додека вториот за издавање на документи.

 

Дополнително, архивата на Град Скопје ќе работи до 16:00 часот.

 

Скратеното работно време ќе важи до наредните препораки од надлежните институции.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.