Возниот ред на ЈСП и работното време на билетарниците во услови на полициски час

Од денеска, недела (22.03.2020 год), согласно одлуката за забрана за движење на населението во период од 21-06 часот, јавниот превоз нема да сообраќа во посочениот период, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација, информираат од јавното претпријатие.

 

Термини на последни поаѓања за денеска, недела (22.03.2020 год):

 

Линии на ЈСП Скопје:

 

Линија 2              19.55 ч од Автокоманда              19.39 ч од Сарај

Линија 4              19 ч од Хром                                     19.40 ч од 11 Октомври

Линија 5              19.35 ч од Ново Лисиче               19.25 ч од Дексион

Линија 7              19.22 ч од Горно Лисиче             19.39 ч од Карпош 3

Линија 9              19.46 ч од Клинички центар      19.53 ч од Скопје Север

Линија 15           19.25 ч од Ново Лисиче               19.20 ч од Карпош 4

Линија 16           19.31 ч од Пржино                         19.06 ч од Железара

Линија 21           18.20 ч од Тр.центар                     19.10 ч од Бардовци

Линија 24           19.50 ч од Тафталиџе                   19.50 ч од Кисела Вода

Линија 27           19.32 ч од Вардарска                    20.04 ч од Дом на печат

Линија 41           19.52 ч од Тр.центар                     19.51 ч од Типо

Линија 50           20.05 ч од Клинички центар      20.05 ч од Хиподром

Линија 57           19.40 ч од Козле                             19.50 ч од Радишани

Линија 59           18.15 ч од Карпош                         19.05 ч од Кучевишка бара

Линија 65В         19.46 ч од Тр.центар                     20 ч од Страчинци

Линија 31           18.40 ч од Тр.центар                     19.15 ч од Долно Лисиче

Линија 47           18.50 ч од Тр.центар                     19.35 ч од Љубанци

Линија 56           18.15 ч од Тр.центар                     19.15 ч од Бојане

Линија 60           18.45 ч од Тр.центар                     19.30 ч од Матка

Линија 65           18.30 ч од Тр.центар                     19.30 ч од Раштак

Линија 65А        19.20 ч од Тр.центар                     20 ч од Страчинци

Линија 66           18 ч од Тр.центар                           19.05 ч од Бучинци

Линија 67           18.50 ч од Тр.центар                     19.45 ч од Зелениково

Линија 68           18.35 ч од Тр.центар                     19.50 ч од Сушица

Линија 70           18.45 ч од Тр.центар                     19.25 ч од Батинци

Линија 71           19.30 ч од Тр.центар                     18.40 ч од Бањани

Линија 74           20.30 ч од Драчево                        17.20 ч од Количани

Линија 81           16 ч од Тр.центар                           17 ч од Блаце

Линија 160         19.05 ч од Дексион                        19.30 ч од Горна Матка

Линија 164         19.30 ч од Кучково                         19.15 ч од Никиштани                 

 

Линии на приватни превозници

 

Линија 9              20.03 ч од Клинички центар                      20.13 од Скопје Север

Линија 11           19.20 ч од Транспортен центар               19.20 ч од Рашче

Линија 11а         19 ч од Транспортен центар                     /

Линија 12           19.55 ч од Шишево                                        19.55 ч од Скопски саем

Линија 19           20.12 ч од Карпош 4                                      20.12 ч од Шуто Оризари

Линија 20           20.20 ч од Транспортен центар               20.20 ч од Шуто Оризари

Линија 22           19.45 ч од Транспортен центар               19.45 ч од Лепенец

Линија 23           19.55 ч од Ченто                                             19.55 ч од Дом на печат

Линија 45           20 ч од Транспортен центар                     20 ч од Ченто

Линија 55           19.15 ч од Арачиново                                   18.30 ч од Транспортен центар

Линија 61           19.10 ч од Транспортен центар               20 ч од Побожје

Линија 63           19.10 ч од Транспортен центар               20 ч од Мралино

 

 

Утре, понеделник (23.03.2020 год), првите утрински поаѓања на сите линии ќе бидат оние од 6 часот.

Комплетниот преглед на сите линии може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx.

 

На пример вообичаениот возен ред на линија 5 е од 5.05 ч, 5.30 ч, 5.55 ч, 6.15 ч, што значи дека во актуелнава ситуација, првиот автобус што ќе почне да сообраќа ќе биде тој во 6.15 часот.

 

Дополнителни информации во врска со возниот ред можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.

 

*За последни поаѓања утре и први од задутре, корисниците на јавниот превоз ќе бидат информирани во текот на утрешниот ден.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Од утре, понеделник (23.03.2020 год) билетарниците и центрите за персонализација ќе почнуваат со работа од 7.30 часот.

Билетарници

*Воопшто нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.

 

*До 13 часот од понеделник до сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

 

*До 17 часот од понеделник до сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

 

*Во недела, до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

 

Центри за персонализација

 

*Времено затворени ќе бидат четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.

 

*Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до сабота до 17 часот. Во недела ќе бидат затворени.

 

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

 

И во наредниот период продолжуваат да важат одлуките за времено укинување на бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а и натаму укината е одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

Времено и во наредниот период, не сообраќа туристичката линија, трите линии до Водно, а не работи ниту Жичарницата.

 

Апелираме до сите граѓани, рационално да го користат јавниот превоз, притоа да носат заштитна маска и ракавици и да се однесуваат во возилата согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот.

 

Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.