Булеварот „Никола Карев“ утре ќе биде целосно затворен

Град Скопје информира дека поради извршување градежни работи, утре во периодот од 8 до 24 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен бувеларот „Никола Карев“ (Пластичарска), на потег од крстосницата со улица „Самоилова“ (амбасадата на САД) до влезот во касарната Илинден.

Сообраќајницата ќе биде затворена заради асфалтирање на коловозот, што се реализира во рамки на проектот за изградба на булеварот „Никола Карев“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.