Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Пријава за Шилегов до Државен завод за ревизија, финансиска полиција и антикорупциска

За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, кои се спонзорите на 100 000 евра за Дино Мерлин, кои се спонзорите кои го градат стационарот Лајка, кои се спонзорите на тревен бус на плоштад, се уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни. Превезот на анонимност на Шилегов отвора сомнеж за перење на пари и финансиска злоупотреба.

 

Поради сомневање за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе пријава до Државен завод за ревизија, Финансова полиција и Државната комисија за спречување на корупција.

 

Граѓаните имаат право да знаат кои фирми се општествено одговорни и како се трошат донираните средства, и дали Петре Шилегов ги злоупотребува средствата и парите кои ги преставува за анонимни? Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси?“ велат од советничката група на опозициската партија.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.