СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Реконструкции на булевари, градскиот превоз од 09:00-17:00, водата за пиење безбедна

Викендов се финализираше првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на Булеварот Никола Карев - Пластичарска улица.

 

На улицата е изведена нова атмосферска канализација и целосна реконструкција на другите подземни инсталации.

Во тек е проектирањето на втората фаза која ќе опфати градежни активности на потегот од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со Булеварот Словенија.

Проектот треба да финализира со изградба на клучката кај Тетовска трошарина.

 

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАР АСНОМ

Викендов заврши првата фаза од реконструкцијата на Булеварот Асном од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со Булеварот Србија кај мостот Близнак.

Проширениот булевар ќе има по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки и зеленило.

По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во Општина Гази Баба.

Со ова решение Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.

 

СЕ УКИНУВА ДВОСМЕНСКИОТ РЕЖИМ НА ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ, ВОЗИЛАТА ВОЗАТ ОД 09:00 ДО 17:00
Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23, кои возат по редуциран возен ред.

Се уште не важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

И натаму, укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.

ЈСП Скопје апелира на рационално користење на јавниот превоз и задолжително носење на заштитна опрема при користење на превозот, согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

 

ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СКОПЈЕ ОДГОВАРА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ

Според анализите спроведени во лабораторијата на Секторот за санитарна контрола, во периодот од 11.05 до 15.05.2020 примероците одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од Водовод информираат дека се анализирани 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 48 мерни места во градот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.