СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Важат студентските билети, банкини на Цветан Димов, локален пат во Илинден, годишнина на Јане Сандански

Со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден аплицираше со проект за реконструкција на постоен пат, ул. „532“.

 

“Проектот за поврзување на локални патишта” се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

 Согласно барањата на Светска Банка е изработен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”.

 Документот е ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Илинден (http://www.ilinden.gov.mk/) Коментарите на граѓаните може да се доставуваат во рок од 14 дена.

 

Одбележана годишнина од раѓањето на Јане Сандански

Во Општина Аеродром се одбележа 148-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански.

Делегација на општината, положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

 

Продолжуваат да важат студентските билети за јавниот превоз

Од ЈСП информираат дека продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.

 И натаму, нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

 

Се поставија бетонски банкини на Булевар Цветан Димов

Во Општина Чаир  се имплементираат сообраќајни проекти за олеснување на движењето низ улиците.

Започна процесот на поставување на бетонски банкини низ најфреквентниот булевар во градот “Цветан Димов“, со цел да се стави крај на сообраќајниот хаос.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.