СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Ден на пожарникарите, сензорна соба во Бутел, електронска јунска сесија, празничен карантин

Градот Скопје и Општина Бутел адаптираа и опремија сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври“, во населбата Радишани.

 

Сензорната соба е наменета за деца со атипичен развој и се очекува да ја користат деца до 6 години.

На почеток ќе се примаат деца од градинката „11 Октомври“ и со нив ќе работи постојниот стручен кадар.

Новоотворената сензорна просторија е со површина од 64 квадрати и е составена од два дела – дел за едукација и дел за играње.

Просторијата има посебен тоалет што е адаптиран за лица со физичка попреченост.

 

Одбележан 20 МАЈ – Денот на пожарникарството

Градоначалникот Петре Шилегов во свое име и во името на граѓаните на Скопје го честита Денот на пожарникарството и упати благодарност до сите пожарникари за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат, вршејќи ја својата благородна професија.

Во текот на оваа година се очекува да стигне новата противпожарна скала, а во план е набавка на три нови противпожарни возила, изјави градоначалникот.

Заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од витално значење и секој спасен живот е бесценет, но без пожарникарите таа хумана мисија би била невозможна.

 

Електронски ќе се полага и во јунската сесија на факултетите

Факултетите не смеат да организираат испити и колоквиуми со физичко присуство.

Уредбата на Владата која е донесена на почетокот од пандемијата и вонредната состојба, останува во сила.

Во овој период, факултетите можат да организираат само активности преку средствата за електронска комуникација и истото засега ќе важи и за јунската сесија.

За физичко присуство, прво ќе мора да се донесе протокол од Комисијата за заразни болести.

 

Комисијата за заразни болести предложи полициски час од сабота навечер до вторник наутро

Поради продолжениот празничен викенд кој следува, Комисијата за заразни болести бара од Владата да воведе полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро.

Ова барање ќе го разгледува Владата, која ќе треба да донесе конечна одлука.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.