СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Пристигнаа еколошки автобуси, паркинг на Клинички, улици во Визбегово

Во Скопје пристигнаа 7 од 33-те нови автобуси кои ќе ги употребува ЈСП за јавниот транспорт во главниот град.

 

Автобусите се еколошки, со погон на гас. Тие се од марката MAN и ќе бидат во две изведби – единечни од 12 метри и зглобни со должина од 18,75 метри.

 

СЕ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПАРКИНГ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Во изминатиов период се реконструирани и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство, односно постојните 6.000 квадратни метри се проширени на околу 20.000 квадратни метри, со што ќе се овозможи функционирање на комплексот.

Проектот кој го најавува градот ќе овозможи непречено движење на трите вида сообраќај низ кампусот на Клиничкиот центар, односно болничкиот, пешачкиот и автомобилскиот.

 Министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека ова е еден значаен инфраструктурен проект што целосно ќе ја смени сликата и ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.

Нема да ни се случува поради тротоар да не може да помине болничка количка или болнички кревет, работиме се да биде целосно по современи стандарди, изјави Шилегов.

 

РЕКОНСТРУИРАНИ УШТЕ ДВЕ УЛИЦИ ВО БАРДОВЦИ

Обновени се уште два крака од улицата „14“  во населеното место Бардовци.. Едниот крак е со должина од 73 метри и ширина 3.20 метри, а другиот крак е со должина од 29 метри и ширина од 4 метри.

На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства, а се зголемува и безбедноста за движење на сите учесници во сообраќајот.

Овие градежни активности се во насока на развој на руралните делови и нивна планска урбанизација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.