Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Неуспехот за возобновување на езерото Треска е директен неуспех на Шилегов

Неуспехот за возобновување на езерото Треска е директен неуспех и последица на неспособноста на Петре Шилегов.Груба невистина е правдањето на Шилегов дека поради тоа што се пренесени надлежностите од градот Скопје на општината Сарај, тој не може да реагира и да ја спаси Треска.

 

Ако тоа е така зошто тогаш Петре Шилегов свесно ги донесе во заблуда Скопјани кога во својата програма вети „рехабилитација на езерото Треска“, кој го опишува за негов „стратешки приоритет“, ооопшти советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

 

Според нив, во неговата програма на страница 27, стои ветување „Излетнички центар назад кај граѓаните“. Шилегов „ветува со неговото враќање во надлежност на градот и со негова ревитализација, Скопје и скопјани добиваат излетничко место за одмор, култура, забава, за кампување и разладување во летните денови. Ревитализацијата на комплексот „Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка“ стои во програмата на Шилегов.

 

„Дополнително градот Скопје на почетокот на мандатот издвои 7 милиони денари за изработка на проект за ревитализација од кој по 3 години нема буквално ништо. Сега кога се поставува на маса ова неостварено ветување Шилегов вели дека тоа не е негова надлежност. Оттука го прашуваме Шилегов кога ги лажеше Скопјани повеќе, сега кога вели дека не е негова надлежност езеро Треска или пред три години кога во програма ветуваше враќање во живот на езеро Треска.

 

Ќе потсетиме дека и за дивите платформи на „Матка“ Шилегов ветуваше дека ќе се срушат, но откако се изградија тој се прогласи за ненадлежен.Веројатно Шилегов се навикна да си дава вака евтини автоголови, адекватно на неговата евтина квазиреторика и политиканство, својствени за градоначалник политикант како што е Шилегов“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.