СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Кафеаните ќе работат до 22 часот, бесплатен градски за пензионерите, прва е-манифестација во Илинден, нови тоалети во Мајски цвет

Протоколот за отворање на угостителските објекти утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 до 22:00 часот, само на отворените делови од објектите за исхрана со послужување, кои се отворени од три страни, со кровна конструкција.

Вработените задолжително да носат заштитни маски и да одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости и не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Растојанието од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство..

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)

 

СЕ ВРАЌА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Од петок, 28 мај,  продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица и тоа за жени со и над 62 години и за мажи со и над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема, согласно уредбите за заштита од Ковид-19.

 

ЛИТЕРАТУРНА Е-МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ИЛИНДЕН

Општина Илинден ја организира 21. Литературна манифестација „Илинден“. Поради забраната за организирање на јавни собири, а љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, општината првпат организира литературна е-манифестација.

„На 21. Литературна манифестација 'Илинден' стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата 'Илинден' , туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден“, соопштија од општината.

 

СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТОАЛЕТИТЕ ВО ГРАДИНКАТА МАЈСКИ ЦВЕТ ВО ТАФТАЛИЏЕ 1

 

Во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе во тек се активности за опремување на тоалетите, со нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници), а се поставуваат и нови плочки по ѕидовите.

Општината, со средства од буџетот за 2020, пред еден месец ја започна етапната реконструкција на „Мајски цвет“, кога, заради енергетска ефикасност беа заменети прозорците на објектот.

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.