СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Упис на првачиња во Карпош, нема бесплатен градски превоз, договори за повластени карти во ПОЦ

Почна уписот на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 во основните училишта во Општина Карпош.

 

Од Општината соопштија дека во сите образовни установи се почитува донесениот протокол за запишување на првачиња, како резултат на пандемијата од Ковид-19.

Задолжително е носењето  заштитни маски, дезинфекција на влезот на училиштето, чистење и дезинфекција по спроведување на секој разговор, како и одржување постојана физичка дистанца.

 

ПОВТОРНО НЕ ВАЖИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени со навршени и над 62 години и за мажи со навршени и над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела, соопшти ЈСП.

Бесплатниот превоз за пензионери беше укинат поради коронавирусот, а повторно беше воспоставен во петокот, со што бесплатниот превоз важеше само три дена, пред денеска да биде повторно укинат.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19.

 

КАЗНЕТИ 585 ЛИЦА ЗА НЕНОСЕЊЕ ЗАШТИТНИ МАСКИ

Во текот на изминатото деноноќие казнети се 585 лица за неносење заштитни маски на територија на цела држава, соопшти МВР.

Исто така, на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

 

ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДОГОВОРИТЕ ЗА ПОВЛАСТЕНИ ПАРКИНГ-КАРТИ ВО КУЌАРКИТЕ НА ПОЦ

Од 2 јуни (вторник), жителите ќе можат 24/7 да склучат/продолжат кориснички договор во куќарките на ПОЦ и тоа: кај „Дом на градежници“ „Трготекстил“ „Автомакедонија“, „Палома бјанка“, депото на службата „Пајак“ и пунктот за наплата во катната гаража „Судска палата“.

Корисниците и понатаму ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање и да поднесуваат рекламации и приговори.

 

СЕ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар и ќе изнесуваат: 57 денари, 59 денари и 49 денари за литар.

Малопродажната цена на ккстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво - 37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 денари на 23,260 денари за килограм.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.