Град Скопје изврши дезинфекција на кејот на Вардар

Екипите на Град Скопје и екипите на Противпожарната бригада на Скопје денеска повторно спроведоа акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар.

Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар, а се дезинфицираше и урбаната опрема.

„Град Скопје континуирано реализира активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот, а во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје - подземните и надземните контејнери и нивната микролокација“, соопштија од Градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.