СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Нова водоводна мрежа на ул. Ацо Шопов, обновени две детски игралишта, он-лајн филмска програма во МСУ

Во тек е поставување на нова водоводна мрежа во должина од 150 метри, со големина на дуктилна цефка Ф 80мм, на ул. Ацо Шопов во населбата Ѓорче Петров, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

Оттаму додаваат дека со системска и планска реализација излегуваат во пресрет на барањата на корисниците и граѓаните од сите општини во градот.

 

ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА „МЛЕЧЕН“ И ВО КАРПОШ 3 ДОБИВААТ НОВ ЛИК

Општина Карпош работи на обнова на двете детски игралишта, на платото на „Млечен“ во УЗ Владо Тасевски, како и на платото во Карпош 3 (кај фонтана).

Предвидено е поставување на нови реквизити за најмладите. Исто така, ќе биде монтирана и гумирана подлога на двете игралишта.

 

ОН ЛАЈН ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

 Музејот на современата уметност – Скопје од денеска, па се до 23 јули, започнува со онлајн филмска програма „Што е филм? Попис 2.0“, во чии рамки ќе се споделат линкови до веќе слободни филмови, два пати неделно и тоа секој четврток и понеделник.

Идејата и мотивацијата за „Што е филм? Попис 2.0“ е знаењето, алатките и просторите, но и нематеријалната работа и работата во културата достапни на интернет 2.0 да се претворат во нови радикални, револуционерни, продуктивни простори и практики, над надуената идеја на „интернетот како простор на неограничена можност“.

Денешна препорака на програмата е филмот „Јас не сум твојот Црнец“ на Раул Пек од 2016 година, филм номиниран за Оскар во категоријата на документарен филм во 2017 година, посветен на борбата на црнците, со фокус на романописецот, драматург и есеист Џејмс Болдвин.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.