СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Акција за исклучување диви приклучоци, се уредува спортско – рекреативниот центар во Карпош 3

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, спроведува акции за исклучување на диви приклучоци. 

Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

 

Во последната спроведена акција за утврдување и исклучување на диви приклучоци, диви приклочи беа утврдени во Глумово, Шишево и Сарај и против сите иматели се поткренати прекршочни пријави.

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Претпријатието исто така

апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.

 

ИНТЕНЗИВНИ АКТИВНОСТИ НА НОВИОТ СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО КАРПОШ 3

 

Во тек е изведбата на новиот Спортско – рекреативен центар во Карпош 3, во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“, информираат од Општина Карпош.

 

Овие денови се работи на поставување на монтажните трибини, кои се предвидени на игралиштето за кошарка и фудбал.

 

Заврши асфалтирањето на овие игралишта, по што ќе почне нивното обележување.

 

Исто така, започнаа активностите за изведба и на отворената фитнес зона во рамки на овој центар. Веќе е завршено детското игралиште, а локалната самоуправа засади и нови дрвја во дворот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.