Без струја делови на Кисела Вода, Карпош, Центар, Гази Баба и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека се планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје поради што без електрична енергија, ќе останат делови на Кисела Вода, Карпош, Центар, Гази Баба и Студеничани.

Во периодот од 08.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Локов; улицата Димо Хаџи Димов; делот од раскрсницата од улицата Народни херои кон Бабин Дол (општина Кисела Вода),

- во периодот од 12.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Даскал Камче бр. 1 (објектите во близината); улицата Гиго Михајловски бр. 6 (објектите во близината во општина Карпош),

- во периодот од 9 до 11.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Бранислав Нушиќ бр. 4, 11 и 13 (општина Карпош),

- во периодот од 8.30 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Апостол Гусларот до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ (општина Центар),

- во периодот од 11 до 15.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Антон Велковски кај вкрстувањето со улицата Авдија Авдовиќ, улицата Алија Авдовиќ (општина Гази Баба),

- во периодот од 10 до 12.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на поголем дел од с. Цветово (општина Студеничани) и

- во периодот од 9 до 14 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Девол (општина Карпош).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.