СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Сообраќаен режим на улица Александар Урдаревски, без струја повеќе делови од Скопје, раззеленување на маалски центар

Град Скопје известува дека поради финално асфалтирање на улицата Александар Урдаревски во Бутел, во наредните два дена ќе биде воведен времен сообраќаен режим на улицата.

 

Утре 9 јули, четврток, улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки.

 

На 10 јули, петок, улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки до крстосницата со улицата Бутелска.

 

Сообраќајот во овој дел од градот во наредните два дена, додека се одвиваат градежните работи, ќе биде преносачен по улицата Цетинска. Исто така, и возилата од јавниот превоз кои сообраќаат по улицата Александар Урдаревски во наредните два дена ќе бидат пренасочени.

 

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

 

Утре без струја повеќе делови на Скопје

 

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат е добиено известување дека за ден 09.07.2020 год. (четврток) се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопјеи без електрична енергија ќе останат:

 

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците од ул. „Атанас Бабата“ бр.26 и околните 4 куќи на истата улица (Општина Чаир )

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул.„1409“ и дел од потрошувачите околу „БК мебел“, како и Железничката станица во Ѓ.Петров (Општина Ѓ.Петров )

 

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од ул. „Даскал Камче“ зграда бр.1А вл.1 и вл.2. (Општина Ѓ.Петров )

 

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот корисниците од нас. „ЦЕНТАР“, делот од ул. „Апостол Гусларот“ до О.У.„Песталоци“ (Општина Центар )

 

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од нас. „ГАЗИ БАБА“ на ул. „Благоја Стефковски“, поточно потрошувачите помеѓу Бензинска „Макпетрол“, школо „Коце Металец” и СУ „Партеније Зоографски“. (Општина Гази Баба )

 

Во периодот од 13:00 до 14;00 часот корисниците од нас. „РАДИШАНИ“ ул. „18“ со броеви над 140 на ул. „Радишанска“ во дел со вкрстување со ул. „18“ и ул. „40“. (Општина Бутел ) и

 

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од нас. „КАРПОШ“ на улиците „Милан Марковиќ“ (од бр. 8 до бр.35), „Леринска“ (од бр. 1 до бр.11), ул.„Козле“ (од бр.15 до бр.20, и околина на овие објекти) ул.„Крчин“ (од бр. 1 до бр.13).(Општина Карпош )

 

РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕ НА МААЛСКИОТ ЦЕНТАР ВО КАРПОШ 1

 

Започна раззеленувањето во рамки на новиот маалски центар на ул. „Иван Аговски“ меѓу зградите 8 и 10, во Карпош 1. На овој простор се засадуваат вкупно 170 украсни растенија, кои целосно го менуваат ликот на овој дел од населбата, информираат од општината.

 

Имено, се засадуваат и нови тревници на површина од 1.300 м2 со систем за наводнување, а веќе е завршено и детското игралиште.

  

Главната цел е секоја населба да добие свое урбано јадро, место каде што граѓаните, ќе поминуваат поголем дел од своето време, ќе се организираат настани и маалски дружби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.