СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Ќе се собира кабаст отпад во Аеродром, од утре ќе се прска против комарци, е-сметка за вода

Следните три дена ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации во Општина Аеродром, на бул. „Февруарски поход“, во Ново Лисиче на бул. АСНОМ и во стар Аеродром.

 

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут.

 

„Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период“, велат од Општината.

 

Фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.

 

Град Скопје од утре ќе прска против комарци

 

Градот Скопје информира дека третата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.07.2020 година (сабота), во раните утрински часови.

 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

ЈП Водовод и канализација воведе е-сметка

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна http://www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

 

На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk  корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска сметка.

 

„Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата сметка електронски, следете ги упатствата на e.vodovod-skopje.com.mk и  пополнете го формуларот за е-сметка и скениран доставете го на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или во приемните канцеларии на Сектор за наплата при ЈП Водовод и канализација – Скопје“, соопштија од претпријатието.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.