ЈП Водовод и канализација – Скопје: Акцијата за наплата на долговите на рати без камата завршува на 31 јули

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за сметките за вода за физички и правни лица завршува на 31 јули, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Од 17 јуни, досега 370 корисници ја искористија можноста за склучување на договори за исплата на долговите на рати без камата. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари“, се наведува во соопштението.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката престанува да важи.

„Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата– задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете“, велат од претпријатието.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

- 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

- 02 3240 300,Дирекција

- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

- http://www.vodovod-skopje.com.mk

- http://www.facebook.com/jpvodovod.skopje





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.