Жугиќ: Шилегов да каже дали зад уривањето на Универзална се крие план за изградба на згради

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, треба да ѝ одговори на јавноста дали зад рушењето на Универзална сала се кријат и некои бизнис-интереси, изјави Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Имено, локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измена на градежниот урбанистички план се планира да се изградат 50 нови згради. За да може станбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала? Дали Универзална сала станува жртва на бизнис-интересите на градската и извршната власт“, праша Жугиќ.

 

Господине градоначалник, додаде таа, скопјани не се согласуваат и апелираат да ја повлечете одлуката за уривањето на Универзална сала.

 

„Наместо уривање, Скопје и скопјани заслужуваат грижа и работа, проекти и капитални инвестиции преку кои Градот Убав ќе се развива како европска метропола“, кажа Жугиќ.

 

Шилегов, пак, претходно, соопшти дека досега никој нема донесено каква било одлука за Универзална сала.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.