Чаир и Аеродром со ист број на активни случаи со коронавирус, зад нив е Кисела Вода

Во Скопје во моментов има 1.488 заразени со коронавирус.

Според податоците до вчера, Чаир и Аеродром имаат по 171 активен случај, а зад нив е Кисела Вода со 157 заразени лица.

Во Гази Баба како активни случаи се водат 145, во Карпош 135, во Центар 130, Шуто Оризари - 117. Ѓорче Петров - 107.

Нешто помалку од 100 заболени има во Бутел, каде во моментов има 97 активни случаи. Зад Бутел се Сарај - 78, Студеничани – 64, Арачиново – 26, Илинден и Сопиште со по 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 9, Зелениково – 7.

Четири лица се странци, а пет се водат како нераспределени.

Инаку, на целата територија, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.754, бројката на оздравени пациенти е 6.554, на починати е 486, а во моментот бројот на активни случаи во Македонија изнесува 3.714.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.