Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје, утре без струја ќе останат:

- во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците улицата Марко Орешковиќ (општина Кисела Вода);

- во периодот од 8 до 9.30 часот ресторанот „Интермецо“, карате-клубот „Работнички“, сервисите за миење возила на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со броевите 70, 75, 77, 79 (општина Центар);

- во периодот од 8.30 до 18 часот стопанските и нестопанските објекти од семафорите во Пинтија до мостот на влезот во Драчево, сите компании и бензински пумпи од тој дел ќе бидат со повремени прекини во тој период (општина Кисела Вода);

- во периодот од 8.30 до 13 часот корисниците во зградата на „Кјуби“ (општина Центар);

- во периодот од 8 до 10.30 часот корисниците од улицата 1611 (општина Аеродром);

- во периодот од 13 до 15.30 часот корисниците од булеварот Трета македонска бригада, делот кај подулицата со бр. 3 (општина Аеродром);

- во периодот од 9 до 11 часот корисниците на дел од улицата Хелсиншка околу броевите 11 и 13, улицата Ташкентска околу броевите 20 и 22 (општина Карпош).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.