Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата.

Организаторите на протестот порачаа дека во услови на пандемија, кога многу граѓани остануваат без работа, европските влади ја намалиле цената на струјата додека трае кризата.

„Кај нас ја поскапеа струјата бидејќи ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. Зарем граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите или животниот стандард на обичните граѓани“, запрашаа организаторите.

Тие повикаа на обединетост на сите граѓани, за да се спречи поскапувањето.

Другото барање се однесува на тоа Владата итно да го раскине договорот со ЕВН, како приватен дистрибутер на електрична енергија во земјава.

„ЕВН со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата, бараме и простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните досега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање навреме“, истакнаа организаторите.

Протeстот го поддржуваат „Сакаме чист Чаир“, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни.

Протести против поскапувањето на струјата денеска се одржаа и во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.