Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид-19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и за стоење. Растојание нема и меѓу оние што седат и меѓу оние што стојат. Патниците се жалат дека ги снемало и налепниците со кои било обележано каде не може да се седне поставени за заштита од вирусот Ковид-19.

„Автобусот се преполни и уште на првите неколку станици. Не само што не се држеше растојание туку снема и воздух внатре од метежот. Морав да се симнав две станици порано и да пешачам оти внатре не се дишеше. И вака не е само денес. Кога повторно дозволија учениците да се возат, се врати метежот во ЈСП“, се пожали патничка на линијата број 5, која сообраќа од Ново Лисиче до Карпош.

Од ЈСП се недостапни за објаснување за метежот и исчезнатите налепници.

Во април годинава ЈСП со налепници ги обележа седиштата на кои е забрането седење, а со налепници на подот обележа каде може безбедно да се стои. Беа најавени двојни контроли за почитување на мерките и од ЈСП и од полицијата.

Од 1 септември повторно е вратен бесплатниот превоз за средношколците. Одлуката за бесплатен превоз на возрасни лица во вторник, петок, сабота и во недела сè уште не важи.

Ограничувањата во јавниот превоз беа воведени како мерка за заштита од ширењето на коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.