Симболична Бадникова поворка во Скопје

Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм.

Овој пат, без физичко присуство на луѓе, песната „Вечниот Бог" ќе ечи од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на „Бадникови поворки", голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ќе ја пеат коледарската песна и ќе испратат силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.