Во болниците во Скопје се хоспитализирани уште 8 пациенти заразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 8 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 290 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти.

Вкупно 290 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 109 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.