Булеварот Борис Трајковски ќе биде продолжен до Драчево

-Советот на Град Скопје денеска донесе одлука со која се предвидува продолжување со изградбата на булеварот Борис Трајковски до Драчево.

„Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри. На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура“, соопшти Град Скопје.

Од таму велат дека овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.