33 пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје, се лекуваат вкупно 253 лица

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени на Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, известуваат од министерството за здравство.

Според последните податоци, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 15 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 9 пациенти биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

„Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, информираат од министерството.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.