Во Ковид центрите во Скопје се лекуваат вкупно 323 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информира министерството за здравство.

Според последните податоци, вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 3 пациенти.

На Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На ГАК велат надлежните има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Од ресорното министерство велат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Истовремено информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.