Нов зелен сквер во Аеродром

Град Скопје целосно ја преуреди зелената запуштена површина од 2.000 квадратни метри на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во општина Аеродром.

Во скверот има дрвени елементи наменети за децата што ќе го користат овој простор да може да ги развиваат своите моторички способности. Исто така, има и патеки наменети за родители со колички за деца и лица со посебни потреби.

На скверот се поставени 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, канти за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со ЛЕД-осветление.

Локацијата за уредување е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на иницијативата на „Скопје лаб“ и УНДП, која почна во 2018 година. Во самиот процес беа вклучени разни возрасни групи на граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните што живеат во овој дел од населбата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.