Симоновски: Неопходно беше да се купи специјализираното возило - противпожарна скала

Специјализираното возило - противпожарна скала е возило кое спасува животи зашто овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од пет кат па нагоре, а кои неретко остануваат заробени во своите домови кога пожар ќе избие на пониските катови од повисоките згради, рече на денешната прес-конференција командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски.

„Неопходно беше да се купи ваква скала, тоа се провлекува веќе 10 години и е ставена во јавни набавки од 2010 година, па наваму. Дојде време бригадата да се модернизира и да ја добие скалата во текот на овој месец или на почетокот на јуни. Противпожарната скала е купена по наши препораки, како стручни лица, направена е анализа на територијата на Град Скопје, направени се испитувања на терен за потребите на градот, но и во делот каде што се соочуваме со секојдневни проблеми поради урбанизацијата на градот за да можеме пристапните улици да ги користиме за скалата. Можевме да купиме и поголема скала, но таа немаше да има функција. Според функционалната анализа, оваа скала е најсоодветна за градот Скопје“, рече Симоновски.

Станува збор за набавка спроведена на меѓународен тендер кој траел 6 месеци. Притоа, велат од Град Скопје, се имаше предвид дека ваква опрема произведуваат само двајца производители во Европа, Розенберг од Австрија и Магирус од Германија. Во оваа набавка е предвидено одржување на возилото во период од 5 години. За набавката на ова возило се предвидени 1,4 милиони евра без ДДВ или 1,7 милиони евра со ДДВ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.