Се расчистува дива депонија во Драчево

Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево.

„Во општината Кисела Вода, во населеното место Драчево, преку јавните претпријатија на Град Скопје денеска започнуваме со расчистување на една огромна дива депонија создавана во изминатиот период, а која негативно влијае врз животната средина“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии, зашто, како што рече, кон Скопје треба да се однесуваме како да е наш дом.

„Грижата за животната средина треба да е повеќестрана - од нас како институции од една страна преку чистење и засилен инспекциски надзор, но и од страна на граѓаните кои можат да придонесат за зачувување на животната средина“, рече Шилегов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.